27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете како изгледа „iPhone 15 Pro“ во новата боја (ФОТО)

Погледнете како изгледа „iPhone 15 Pro“ во новата боја (ФОТО)

За разлика од своите претходници, „iPhone 15 Pro Max“ и „iPhone 15 Pro“ ќе пристигнат со титаниумска рамка, што очигледно ќе влијае и на боите на уредот.

„iPhone 15 Pro“ наводно ќе биде достапен во титаниум сива и темно сина боја, за разлика од минатогодишните златни и виолетови модели.

„9to5Mac“ објави рендер на „iPhone 15 Pro“ во новата титаниум сива боја. Во рендерот телефонот има заштитна обвивка. Не е познато дали ова ќе биде официјалното име на бојата, но тоа е помалку важно.

Во секој случај, остатокот од дизајнот е во согласност со претходните рендери на овој телефон. Ова значи дека „iPhone 15 Pro“ ќе го задржи, во најголем дел, сличен дизајн на неговиот претходник. Така, на предната страна на уредот има екран со пилула на врвот, кој „Apple“ го нарекува „Dynamic Island“. Станува збор за новитет кој пристигна минатата година со моделите „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“, а веројатно оваа функција ќе пристигне и кај обичните модели оваа година – „iPhone 15“ и „iPhone 15 Plus“.

Она што не е видливо во овој рендер, а што го дознавме претходно, е промената на портот за полнење. Така, „Apple“ конечно ќе го користи долгоочекуваниот „USB-Type C“ конектор.

На задната страна на уредот има три камери поставени во триаголен формат, кој е идентичен со неговиот претходник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП