2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Fiat Punto“ - легенда стара 30 години

„Fiat Punto“ – легенда стара 30 години

Оваа година една од најпопуларните европски модели во последните децении прослави 30 години од своето деби пред јавноста. Станува збор за „Fiat Punto“, кој ја прослави својата премиера во 1993-та година и тогаш имаше тешка задача да го наследи исклучително успешниот модел „Uno“.

Малиот сладок италијански автомобил имаше многу модерен дизајн за своето време, беше достапен во верзии со три и пет врати и се издвојуваше меѓу своите конкуренти со изобилство на внатрешен простор. Моделот се покажа како практичен, пријатен за возење и извонредно сигурен, така што пазарниот успех не чекаше долго – приближно 3,43 милиони единици беа продадени од првата генерација.

Палетата на модели вклучуваше бензински мотори со работен волумен од 1,1, 1,2, 1,4 и 1,6 литри, како и 1,7-литарски дизел (со или без турбополнач).

Наследникот на „Punto“ излезе во 1999-та година со поаголен дизајн и поагресивен изглед. Моделот беше подложен на фејслифтинг во 2003-та година, а неговото производство продолжи до 2010-та година во Италија, па дури и до 2013-та година во српската фабрика „Застава“ во Крагуевац, каде италијанскиот автомобил се произведуваше под името „Застава 10“.

Втората генерација на „Punto“ е исто така хечбек со три или пет врати, а гамата на мотори вклучува бензински мотори со зафатнина од 1,1, 1,2, 1,4 и 1,6 литри, како и дизел со работна зафатнина од 1,7 литри, повторно достапен во атмосферски и турбо варијанти. Од втората генерација, продадени се 2,96 милиони единици.

Третото и за жал последното издание првично беше наречено „Grande Punto“ и беше објавено во 2005-та година. Автомобилот дели заедничка технолошка платформа со „Opel Corsa“, долго пред францускиот концерн „PSA“ да се трансформира во „Stellantis“ и да ги апсорбира и „Opel“ и „Fiat“.

Моделот има убав дизајн, но во однос на квалитетот почнува да заостанува зад некои од главните пазарни ривали, а тоа се одразува и на неговата продажба, која иако солидна (2,67 милиони примероци), е поскромна од оние на неговите двајца претходници.

Во 2009-та година дојде време за фејслифт, кој покрај нов распоред на предниот дел, со себе донесе и промена на името – до крајот на неговото производство, автомобилот се викаше „Punto Evo“. Продажбата во Европа беше прекината во 2018-та година.

Поради промените во условите на автомобилскиот пазар на Стариот континент, „Punto“ до ден денес останува без директни наследници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП