2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го купи Отаменди

Челзи го купи Отаменди

otamendi nova

Шпанските медиуми објавија дека Николас Отаменди е нов член на лондонските „сини“, но дека ќе заигра на „Стемфорд Бриџ“ дури следната сезона.

Отаменди беше споменуван како едно од потенцијалните решенија за проблемите во одбраната на Барселона, но според информациите аргентинскиот штопер веќе потпишал за Челзи.

25-годишниот дефанзивец би требало во редовите на Челзи да биде алтернатива на Бранислав Ивановиќ, бидејќи може добро да игра и како штопер и како десен бек.

Како што се наведува во медиумите, Отаменди му оставил силен впечаток на Жозе Мурињо и Португалецот инсистирал за неговото доведување.

Репрезентативецот на Аргентина пристигна на „Драгао“ во 2010-та година од Велез Сарсфилд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП