4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПаоло Малдини во „фотелјата“ на ПСЖ?

Паоло Малдини во „фотелјата“ на ПСЖ?

maldini-leonardo

Легендардниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини најверојатно ќе ја превземе функцијата спортски директор на ПСЖ.

Малдини, кој има 45 години и кој во 2009-та година ја заврши професионалната кариера, би ја превземал функцијата која до минатото лето ја вршеше неговиот некогашен соиграч, Леонардо.

Еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, кој целата кариера ја помина на Сан Сиро, беше гостин на тимот од Париз на средбата со Бенфика во Лигата на шампионите.

Малдини во текот на својата 24-годишна играчка кариера настапи на повеќе од 900 средби во дресот на „росонерите“ и одигра 126 натпревари за репрезентацијата на Италија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП