2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнуваат телефони со камери од 440 MP!

Пристигнуваат телефони со камери од 440 MP!

Јужнокорејскиот гигант „Samsung“ наводно подготвува три ISOCELL сензори со висока резолуција за втората половина на следната година, од кои едниот ќе има дури 440 MP.

Трите ISOCELL сензори со висока резолуција што „Samsung“ наводно ги подготвува за 2024-та година најверојатно ќе се најдат во серијата телефони „Galaxy S25“. Иако „Samsung“ веќе може да се пофали со ISOCELL камери со резолуција од 200 мегапиксели, следната година ќе пристигнат нови сензори, од кои едниот ќе има дури 440 MP, пишува „Wccftech“.

Како што е објавено од @Tech_Reve, „Samsung“ масовно ќе произведува нов сензор GN6 од 50 MP со големина на пиксели од 1,6 μm, но во развој е и нов HP7 од 200 MP со големина на пиксели од 0,6 μm. Сепак, најамбициозниот план во овој поглед е сензорот ISOCELL HU1 од 440 MP, со сè уште непозната големина на пиксели.

И покрај тоа што пишува дека сите три сензори ќе претрпат масовно производство, уредите во кои ќе бидат сместени овие сензори не се посочени. Меѓутоа, доколку производството навистина е поставено за втората половина на следната година, тогаш новиот сензор со 440 MP би можел да биде резервиран за телефонот „Samsung Galaxy S25 Ultra“. Исто како што ISOCELL HP2 од 200 MP се најде во „S23 Ultra“.

Сепак, имајќи предвид дека тековната генерација на премиум телефонски чипови во моментов не можат да поддржат никаков сензор за фотографија од 440 MP, тоа значи дека можеме да очекуваме и нова генерација на чипови со посилни перформанси и процесори за слика. Во прилог на ова има и информации дека „Samsung“ работи на својот „чип од соништата“, односно нов силикон кој треба да им конкурира на водечките (Snapdragon) полупроводници.

Во соопштението не се споменува како „Samsung“ ќе успее да вгради сензор од 440 MP во куќиштето на смартфонот, со оглед на тоа што квалитетот на сликата може воопшто да не се подобри доколку сензорот нема доволно големи пиксели, што повлекува и поголема физичка големина.

Пред официјалните, сепак, ќе треба да почекаме уште некои инсајдерски информации за да создадеме поцелосна слика за овие планови на „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП