2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го победи Монфис и испиша нова тениска историја

Ѓоковиќ го победи Монфис и испиша нова тениска историја

Новак Ѓоковиќ го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:2 во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати и испиша историја на тенисот.

Српскиот тенисер со оваа победа стигна до неверојатни 19:0 во мечевите со Монфис, што е нов АТП рекорд. Досега рекордот го делеше со Рафаел Надал, кој има 18:0 против Ришар Гаске, уште еден Французин.

Бјорн Борг против Витас Герулаитис, Роџер Федерер против Давид Ферер и Михаил Јужни и Иван Лендл против Тим Мајот имаа по 17:0 во меѓусебните мечеви.

За полуфиналето Ѓоковиќ ќе се бори против домашниот тенисер Тејлор Фриц, кој се пласираше во четвртфиналето откако Душан Лајовиќ се предаде при водство на Фриц со 5:0 во првиот сет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП