13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМилиони компјтери може да бидат загрозени поради оваа грешка (ВИДЕО)

Милиони компјтери може да бидат загрозени поради оваа грешка (ВИДЕО)

Дали редовно ги ажурирате програмите на вашиот компјутер? Ако одговорот е не, веројатно е дека вашиот компјутер е меѓу милијардите кои се ранливи и би можеле да бидат нападнати од хакери поради еден единствен безбедносен пропуст.

Според истражувачите од „Google“, кои ја открија грешката, милијарди компјутери ширум светот имаат безбедносна ранливост наречена „Downfall“ во процесорот на „Intel“. Оваа ранливост, или грешка во системот, ќе им овозможи на хакерите да украдат лозинки, клучеви за шифрирање и приватни кориснички податоци.

Хакерите, кои би ја искористиле оваа ранливост, лесно би можеле да пристапат до податоците на другите корисници на системот, а за да влезат во системот, малициозен софтвер или компјутер што користи споделени ресурси, како што е „cloud computing“, би било доволно.

Истражувачот Даниел Могими, кој ја пронашол грешката, за се го известил „Intel“, кој во меѓувреме создал лепенка што треба да го реши проблемот. Но, само ако корисниците го инсталираат.

Имено, „Intel“ појасни дека грешката не е пронајдена во најновите верзии на нивните процесори, а закрпата не би требало да им прави големи проблеми на корисниците. Можеби само малку пониски перформанси. Тоа се процесори означени како „Skylake“, „Tiger Lake“ и „Ice Lake“, додека процесорите со ознака „Alder Lake“, „Raptor Lake“ и „Sapphire Lake“ се безбедни.

Оние корисници кои проценуваат дека перформансите им се поважни од безбедноста, вели „Intel“, можат да ја деактивираат закрпата или да не ја инсталираат. Но на ваш сопствен ризик.

Како Могими го откри „Downfall“ и што друго прави, можете да видите во интервјуто објавено на веб-страницата на „Intel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП