2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапитенот Ристовски се повлече од репрезентацијата поради недоразбирањата со селекторот

Капитенот Ристовски се повлече од репрезентацијата поради недоразбирањата со селекторот

Стефан Ристовски, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, ја извести јавноста дека поради лошиот однос што го имал со селекторот Благоја Милевски, решил да се повлече од националниот тим.

Ристовски одлуката ја објави на социјалните мрежи.

„Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му било предочено, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата“.

Стефан Ристовски од 2011 година е стандарден репрезентативец. За националниот тим одиграл 80 натпревари, постигнал два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП