Нејмар по шест години го напушта ПСЖ, кaде стана најскапиот фудбалер во историјата. Тоа го потврди и влијателниот „Л’Екип“.
„Нејмар договорил сѐ со Ал-Хилал во врска со условите на двегодишниот договор. Во тек се финални преговори помеѓу ПСЖ и саудискиот клуб во Париз околу обештетувањето.
Сигурно е заминувањето на Нејмар од ПСЖ“, објави синоќа „Л’Екип“.
Сега бразилскиот медиумски гигант „Глобо“ откри нови детали од историскиот договор.
Нејмар за две сезони во Саудиска Арабија ќе добие 320 милиони евра. И ПСЖ ќе си помине многу добро. Ал-Хилал ќе му плати отштета од 100 милиони евра.
Нејмар на тој начин поставува уште еден финансиски рекорд. Тој станува најскапиот играч во историјата за клуб надвор од Европа. Саудискиот клуб веќе за денеска резервирал лекарски преглед за Нејмар во Париз, а Ал-Хилал подготвува спектакуларна презентација на историското засилување за в среда.
Ал-Хилал е најпопуларниот клуб во Саудиска Арабија. Во саботата загуби во финалето на Купот на арапските шампиони од големиот ривал Ал-Наср, предводен од Кристијано Роналдо. Сега ќе го донесе Нејмар за да ја урне популарносра на Роналдо.