13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед вреди повеќе од 3 милијарди

Манчестер Јунајтед вреди повеќе од 3 милијарди

man1

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е првиот тим чија вредност на Њујоркшката берза надмина три милијарди долари.

Според магазинот Форбс, Манчестер според вредноста е значително пред второпласираниот тим од Националната американска фудбалска лига (NFL) Далас, кој вреди 2,1 милијарди долари.

Акциите на Манчестер Јунајтед за прв пат се појавија на берзата во август 2012 година, и покрај многу лошата почетна понуда, тие брзо започнаа да бележат раст.

Почетната вредност на акциите на Манчестер Јунајтед беше 14 долари, а сегашната вредност е околу 17 долари. Скокот на цената на акциите обезбеди значително зголемување на богатството на семејството Глејзер, кое поседува контролен пакет акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП