7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen пред Tesla

Volkswagen пред Tesla

Повеќе од 41.000 целосно електрични автомобили Volkswagen беа регистрирани во Германија во првите седум месеци од оваа година, со што компанијата стана број еден продавач на такви автомобили.

Така, Volkswagen од првото место го измести американскиот производител на електрични возила Tesla, пренесува германската агенција dpa.

Од јануари до крајот на јули, во Германија се новорегистрирани 41.475 целосно електрични возила од марката Volkswagen и 40.289 електрични автомобили од брендот Tesla, покажуваат податоците на германската Федерална канцеларија за моторен сообраќај.

Американскиот производител на автомобили беше пред својот германски ривал во однос на продажбата до крајот на првата половина од оваа и минатата година, додава dpa.

На крајот на јули, според продажбата на целосно електрични автомобили, Mercedesс беше на третото место (20.613). Следат Audi (16.786), BMW (15.987) и Hyundai (15.411).

Вкупно, 268.926 целосно електрични автомобили се новорегистрирани во првите седум месеци.

Во меѓувреме, според ДПА, продадени се 1,64 милиони автомобили со внатрешно согорување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП