2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБезбедно лето за чувствителна кожа

Безбедно лето за чувствителна кожа

На лето, чувствителната кожа бара утеха. Бара хидратација и соодветна “храна”. Луѓето што не сакаат мрсни наслаги и чувство на тежина на лицето, особено кога е жешко, честопати се соочени со комплициран избор – дали да користат средство за заштита кое ќе ги иритира или воопшто да не користат заштита?

Кожата за време на летните горештини е изложена на сонце, дехидрирана и многу посува отколку во другите периоди. Тоа ни укажува дека користење на соодветна козметика во овие месеци е задолжително за заштита на кожата и за зачувување на нејзиното здравје, еластичноста и сјајот.

Топлото време е голем предизвик, важно е да се има револуционерен систем за урамнотежување на pH балансот. Со враќање на оптималното pH ниво се зајакнува и природната одбрана на кожата. Но, како да го постигнете тоа?

Меѓу повеќе нови производи на пазарот, како совршен избор се наметнува Еуцерин pH5 Light гел кремата, токму поради фактот што многу брзо го минимизира ризикот од иритација и чувствителност и овозможува уживање во летото без никакви грижи. Се разликува и заради тоа што традиционалните креми честопати оставаат мрсни наслаги и остатоци кои можат да ја иритираат кожата или корисникот… Додека оваа гел-крема е ултра-лесна и без напор, брзо и неприметно се впива во кожата. Истовремено, овозможува смирувачко и освежувачко чувство без да ви создаде чувство на лепливост и масна кожа.

Примарниот фокус на лесните гел-креми е да ја одржат удобноста на лицето а истовремено да го заштитат корисникот од надворешни надразнувачи. Кога ќе се постигне деликатна рамнотежа, само тогаш постои гаранција дека кожата ќе остане мека, мазна и хидрирана во текот на денот. Еуцерин pH5 Light гел кремата ја надополнува влагата и делува како прва линија на одбрана на телото од надворешни агресори.

Кремите што се дизајнирани да бидат лесни гарантираат дека порите остануваат незатегнати, намалувајќи ја непријатноста и веројатноста за појава на несовршености, флеки и испукана кожа. Токму затоа се идеална опција за оние со кожа склона на иритации, па и акни, бидејќи нудат хидратација и удобност без да ги влошат постоечките проблеми на кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП