Многумина мислеа дека Лионел Меси дошол во Соединетите Американски Држави само за да „украде работа и да земе пари“, сепак, Аргентинецот навистина игра спектакуларно и иако е во најслабиот клуб во кариерата. Така, Интер Мајами пред неговото доаѓање беше навистина очаен, имаше шест натпревари без победа, а откако дојде Меси, нижи триумфи. Откако ги победија Круз Азул, Атланта и Орландо, сега по пенали беа подобри од Далас!
Повторно најзаслужен за победата беше Лионел Меси, кој повторно погоди од слободен удар во самата завршница. Интер губеше со 4:2, но прво Фарфан си постигна автогол во 80. минута, а во 85. Меси спектакуларно погоди од слободен удар за пенали. И таму беше непогрешлив, како и Бускетс, Кампања, Милер и Кремаски, додека Помикал промаши за Далас, а Интер продолжи.

