5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари ја победија Грузија и се пласираа меѓу 16 најдобри селекции...

Македонските ракометари ја победија Грузија и се пласираа меѓу 16 најдобри селекции на СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија до 19 години ја победи Грузија со 27:21 во третото коло од групата Ф на Светското првенство и обезбеди пласман во главната фаза на Мундијалот.

Македонија сега се наоѓа меѓу 16 најдобри селекции во светот и сега тргнува во битка за што е можно подобар пласман.

Младите македонски ракометари имаа контгрола на играта и на резултатот во целиот тек од мечот против Грузија. На полувреме имаа водство од три гола, а потоа и ја зголемија во вториот дел, за убедлив триумф на мечот што се одигра во Ријека.

Ненад Белистојаноски со шест гола беше најефикасен ракометар во македонскиот национален тим на овој натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП