2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси на насловните страници во САД – Сам го победи Орландо

Меси на насловните страници во САД – Сам го победи Орландо

Лионел Меси одигра уште еден маестрален натпревар за Интер Мајами.

Аргентинецот синоќа го предводеше Интер до победа во дербито на Флорида над Орландо со 3:1.

Меси постигна два гола и двата со волеј удари, со што се најде на насловните страници на американските медиуми каде фудбалот никогаш не е во преден план.

Имаше Меси можност да постигне хет-трик, но невообичаено за него пеналот во 51.минута му го препушти на соиграчот Џозеф Мартинез.

На три натпревари за Интер, Аргентинецот веќе има пет гола и една асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП