14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКагава оди „под јорган“?

Кагава оди „под јорган“?

kagava

Шпанските медиуми пренесуваат дека Шинџи Кагава би можел да го засили Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.

Јапонецот не е во прв план кај Дејвид Мојс, па тој е незадоволен од статусот во клубот и можно е веќе во јануари да го напушти „Олд Трафорд“.

Кагава дојде во редовите на Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд како големо засилување, но тој не ги оправда очекувањата. Причината за тоа е тешката повреда во ерата на Фергусон, а Мојс не го гледа како потребен во својата екипа.

Доколку „ѓаволите“ се решат да го пуштат во јануари, редот на заинтересирани за неговите услуги сигурно ќе биде подолг, а меѓу најсериозните кандидати се издвојува Атлетико Мадрид, иако постои можност тој да се врати во редовите на „милионерите“.

Меѓутоа, доколку премине во некој од споменатите два тима, нема да има право за настап во Лигата на шампионите ( нормално под услов Атлетико и Борусија да ја поминат групната фаза), затоа што беше во протоколот за натпреварите на Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП