28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликацијата „ChatGPT“ официјално пристигна на „Android“

Апликацијата „ChatGPT“ официјално пристигна на „Android“

По два месеци од лансирањето на верзијата за „iOS“, сега апликацијата „ChatGPT“ на компанијата „OpenAI“ е достапна за бесплатно преземање во рамките на „Google Play“ продавницата и за оперативните системи „Android“.

Регистрацијата за апликацијата беше отворена пред неколку дена, а вчера и официјално стана достапна за преземање. Компанијата, сепак, на својата веб-страница објави дека „Android“ апликацијата најпрво ќе биде лансирана во Бразил, Индија, Бангладеш и САД, а во текот на неделата ќе стане достапна и во другите делови на светот. За среќа, веќе е достапен за некои корисници во регионот, а доколку не сте меѓу нив согласно најавата на компанијата, би требало да ви стане достапна во наредните денови.

По преземањето, ќе се појави белешка дека „ChatGPT“ има недостатоци и може да даде неточни одговори, што дефинитивно е добар потсетник што треба да го имате на ум додека го користите. Корисничкото искуство е едноставно и изгледа исто како веб-верзијата со прозорец за разговор со чат-бот со вештачка интелигенција.

Од друга страна, на „Google Play Store“, има многу апликации што содржат „ChatGPT“ во нивното име и тие не се истите апликации како онаа што е наведено дека доаѓа од компанијата „OpenAI“.

Од лансирањето на овој чет-бот минатата есен на веб-верзијата, светската трка во развојот на вештачката интелигенција брзо се забрза, принудувајќи многу компании да се натпреваруваат меѓусебно за да имплементираат вештачка интелигенција во нивните услуги и производи побрзо и на подобар начин. Така, до денес, имаме стотици производи напојувани со вештачка интелигенција, како и чет-ботови како што се „Bing Chat“ и „Google Bard“ кои работат на истиот принцип како „ChatGPT“.

Со нивната популарност, сепак, се појави и другата страна на паричката. Со можностите што ги има засновано на машинско учење, вештачката интелигенција стана толку напредна што веќе не само што им помага на луѓето со работите што треба да ги работат, туку напротив, таа е и причина за исчезнување на многу работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП