27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдобрена продажбата на Хорнетс – Џордан добива 3 милијарди долари

Одобрена продажбата на Хорнетс – Џордан добива 3 милијарди долари

Гувернерите на НБА лигата ја одобрија продажбата на Шарлот хорнетс, откако 29 клубови гласаа за продажбата од страна на Мајкл Џордан, а против беа само Њујорк никс.

Со оваа одлука, клубот официјално преминува во раце на конзорциумот предводен од Гејб Плоткин и Рик Шнел, додека Џордан ќе добие 3 милијарди долари и ќе остане како малцински сопственик. Тој беше единствениот Афро-Американец кој е сопственик на НБА клуб, откако го купи за 275 милиони долари во 2010 година.

Шарлот немаа добри резултати последните 13 години под водство на Џордан и само трипати играа во плејофот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП