13 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ би можел да претстави нов паметен уред

„Samsung“ би можел да претстави нов паметен уред

Има информации дека „Samsung“ подготвува паметен прстен, кој би можел да се нарече „Galaxy Ring“ кога ќе биде официјализиран.

Според извештајот од Јужна Кореја, „Samsung“ веќе ја ангажирал јапонската компанија „Meiko“ за производство на печатени кола кои ќе го напојуваат новиот уред за носење.

Идејата зад паметниот прстен е сè уште нова. Сепак, успехот што го постигна „Оура“ покажува дека тие можат да бидат корисни на повеќе начини. „Oura“ прстените можат да траат околу една недела со едно полнење, користат „Bluetooth“ конективност за следење преку уреди со „Android“ или „iPhone“. Се сугерира дека позиционирањето на прстенот, како и неговиот контакт со кожата, може да понуди подобри информации за следење на здравствените и фитнес параметрите.

„Samsung“ веќе има голем број сензори и слични функции за следење на здравјето на своите уреди за носење – „Galaxy Watch“. „Galaxy Ring“ можеби има поддршка за ECG и PPG сензори, но засега се познати неколку детали.

Ниту името на уредот не е загарантирано, бидејќи освен „Galaxy Ring“, „Samsung“ ги заштити и имињата „Galaxy One“, „Galaxy Pulse“ и „Galaxy Rhythm“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП