Секој прв петок во месецот е најризичен за тргување на валутниот пазар, притоа денес не ви претставуваме анализа поради што маркетот ќе биде тотално неизвесен и шансите за скок или пад на EUR/USD се 50/50%.
Затоа ви презентираме една детална финансиска анализа за американскиот долар за подолг временски период, за 2013-та и првата половина од 2014-та година.
СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ – ЕКОНОМСКИ ИНДИКАТОРИ
1.Стапка на раст на Бруто Домашните производи:
2. Објави за вработени лица во секторот на пазарот на стоки, производство,градежништво…
3. Стапка на инфлација
4. Каматна стапка на банката на Америка
5. Извоз
6.Увоз
7. Надворешен долг
8. Пазар на акции DOW Jones
Техничка анализа за американскиот долар:
Американскиот долар со збир на сите економски индикатори е во надолен тренд и се очекува се пооштар тренд во истата насока со оглед на се полошите резултати кои следеа во последниот месец , а се очекуваат уште полоши статистики.
Фундаменталната анализа се вклопува со техничката анализа која ни наведува на еден нов оштар пад на доларот.
Графичка анализа за американски долар, во однос на швајцарски франк(идентичен пар како индексот на американскиот долар):
Американско долар во однос на швајцарски франк се очекува до крајот на 2013-та година да падне на цена 0,84.
Во почеток на 2014-та година веројатно ќе следи корекција и нагорен тренд до средишната цена од 2013-та година околу цена 0,93 , а потоа во вториот квартал повторно да паѓа и стреми кон најниска цена во историјата на доларот до 0,70.
Анализа за Евро во однос на Американски долар:
Еврото навлезе во нов нагорен тренд во однос на американскиот долар, со што по долго време го проби највлијателното и средишно ниво на цена 1,3350.
Следува подолгорочен нагорен тренд, се очекува до крајот на 2013-та година да достигне цена од 1,41. Во 2014-та година би следела корекција и 2-3 месечен поблаг пад на еврото во однос на доларот, за потоа во вториот квартал да навлезе во нов позначителен тренд и да достигне рекордна цена од 1,47.