2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоаѓа „Xiaomi 13T“, еве што да очекуваме

Доаѓа „Xiaomi 13T“, еве што да очекуваме

Веќе некое време кружат различни извештаи за серијата „Xiaomi 13T“, која се споменува како евтина предводничка серија на „Xiaomi“.

Но, од минатата година не е толку евтина како порано, но сепак е под редовната предводничка линија на кинеската компанија. Сега ги знаеме скоро сите спецификации на телефонот „Xiaomi 13T“.

„Xiaomi 13T Pro“ и „Xiaomi 13T“ ќе пристигнат оваа година како наследници на минатогодишните телефони „Xiaomi 12T Pro“ и „Xiaomi 12T“. Дека „13T Pro“ и „13T“ се поблиску до презентацијата потврдуваат секојдневните нови сертификати.

„Xiaomi 13T“, со број на моделот 2306EPN60G, веќе има добиено неколку сертификати, вклучувајќи EEC, IMEI, IMDA, TKDN, како и FCC, од кои сите дадоа некои детали за телефонот.

Така, беше откриено дека „Xiaomi 13T“ ќе се испорачува со интерфејсот MIUI 14 и ќе нуди функции како што се NFC, 5G, Wi-Fi 802.11ax, Bluetooth и GNSS. Секако, тоа е сосема нормално и очекувано, но беше откриена и поважната информација.

Така, се очекува „Xiaomi 13T“ да се испорачува со чип Dimensity 9200+, но некои извештаи наведуваат дека телефонот ќе се напојува и со чип Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 2. Гледајќи ја досегашната практика на „Xiaomi“, веројатно е дека „Xiaomi 13T“ сепак ќе се напојува со чип MediaTek.

Телефонот треба да биде опремен со 6,7-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 144Hz. Наводно, батеријата од 5000 mAh ќе го напојува „Xiaomi 13T“, со поддршка за брзо полнење од 67 W.

За жал, во моментов не се познати детали за камерите на овој уред, но се очекува да дознаеме многу наскоро.

Се вели дека серијата „Xiaomi 13T“ треба да се појави во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП