3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРУСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Сонцето денеска „исфрла“ икс-зраци, можни прекини во комуникацијата

РУСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Сонцето денеска „исфрла“ икс-зраци, можни прекини во комуникацијата

Руски научници од Институтот за применета геофизика Федоров во Москва предвидуваат дека денеска може да се очекува силна сончева активност, која би можела да пречи на комуникациите со кратки бранови, пишува Ројтерс.

Тие наведуваат дека Сонцето ќе ги „исфрли“ блесоците од Х, кои се најголемите експлозии во Сончевиот систем и можат да создадат радијациони бури.

Сончевите блесоци се случуваат кога се поврзуваат моќните магнетни полиња во и околу Сонцето. Тие можат да влијаат на магнетното поле на Земјата со потенцијал да ги оштетат сателитите и комуникациската опрема, според НАСА.

Минатата година, геомагнетна бура предизвикана од голем излив на сончево зрачење уништи 40 ново лансирани сателити на SpaceX.

Во неделата беа забележани три соларни бури, соопшти Институтот Федоров, од кои една траеше 14 минути и беше проследена со прекин на радио комуникацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП