1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва овошје го забавува стареењето на кожата

Ова овошје го забавува стареењето на кожата

Антиоксидантите кои се наоѓаат во слатките, сочни бобинки го забавуваат процесот на стареење, ја подобруваат циркулацијата на крвта…

Освен за јадење, грозјето можете да го користите и за разубавување. Антиоксидантите кои се наоѓаат во овие слатки сочни бобинки ја штитат кожата од штетното делување на надворените фактори, го забавуваат процесот на стареење, ја подобруваат циркулацијата, па на кожата на лицето и помагаат да ја сочува еластичноста и влажноста.

* Ако имате проблематична кожа – изгмечете шака бобинки од грозје и помешајте ги со лажица овесни снегулки. Смесата нанесете ја на лицето, почекајте петнаесетина минути и исперете со млака вода.

* За оние кои имаат масна кожа – згмечете неколку бобинки од грозје за да добиете две лажици сок, помешајте ги со жолчка од јајце и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа, со мешање, ставете скроб или пченично брашно додека не добиете маса со густина на тесто. Со оваа смеса намачкајте го лицето, почекајте петнаесетина минути и исперете со вода.

* Доколку вашата кожа е чувствителна – исцедете сок од неколку бобинки грозје така што ќе добиете две лажици сок, помешајте ги со лажичка јогурт и лажица мед. Со добиената смеса намачкајте го лицето, почекајте дваесет миути и измијте го лицето. Оваа маска ја смирува кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП