2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО20-годишниот Алкараз го победи Ѓоковиќ и стана победник на Вимблдон

20-годишниот Алкараз го победи Ѓоковиќ и стана победник на Вимблдон

Иако првиот сет експресно го доби Ѓоковиќ со 6:1 во гемови, работите во вториот сет се свртеа.

Младиот Шпанец успеа да го добие во тај-брејк со 8:6, иако Новак беше блиску до освојување на сетот.

Во третиот сет тотална доминација на Алкараз. Новак беше во аут и го загуби сетот со 6:1 во гемови.

Шпанецот брилираше во тие моменти за водство од 2:1 во сетови, но Новак се врати во четвртиот сет кој го доби со 6:3 за израмнување на резултатот во ова финале.

Петтиот сет трилер, на крајот го доби Алкараз со 6:4 во гемови за триумф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП