2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси и официјално е играч на Интер

Меси и официјално е играч на Интер

Лионел Меси и официјално е новиот играч на Интер од Мајами. Аргентинскиот фудбалер денеска беше претставен како нов член на МЛС тимот на кој доаѓа како слободен играч.

Меси пред нешто повеќе од еден месец договори соработка со Интер од Мајами.

Аргентинецот веќе неколку дена е во Мајами со семејството. Се чекаа одредени документи за да се официјализира потписот, а денес конечно тоа се случи и Меси и официјално стана нов член на тимот од Флорида.

Доаѓањето на еден од најдобрите на сите времиња сигурно ќе му донесе многу на тимот од Мајами, но и ќе ја зголеми популарноста на самата МЛС.

Очекувано, Меси во својот нов тим ќе го носи дресот со број 10.

Во изминатите две години Меси играше за ПСЖ.

Во дресот на францускиот шампион одигра 75 натпревари со учинок од 32 гола и 35 асистенции.

Секако, тој ги имаше најдобрите денови во својата Барселона. Тој одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и забележа 303 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП