2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е новиот контролер за „PlayStation 5“ (ВИДЕО)

Ова е новиот контролер за „PlayStation 5“ (ВИДЕО)

„Sony“ објави дека модуларниот „PlayStation Access“ контролер на компанијата ќе биде пуштен во продажба во декември оваа година.

„PlayStation Access“, контролерот наменет за играчи кои имаат физички потешкотии при користење на класични гејмпади, ќе биде достапен од 6-ти декември оваа година. Редовната цена на овој контролер на европскиот пазар ќе биде 89,99 евра.

Откриени се сите технички детали за контролорот и пакетот во кој доаѓа. Контролерот ќе тежи приближно 322 грама, а ќе има пет типа на копчиња кои ќе можат да се подесуваат, како и три типа аналогни стапчиња.

Пакетот ќе доаѓа со 23 ознаки за копчињата, контролорот ќе може да складира три различни профили, како и да се поврзе до четири дополнителни уреди преку 3,5 милиметарскиот конектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП