30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоверот Perseverance најде докази за живот на Марс?

Роверот Perseverance најде докази за живот на Марс?

Perseverance, ровер на Националната аеронаутичка и вселенска администрација на Соединетите Американски Држави (НАСА), направи значајно откритие – органски соединенија во кратерот Језеро на планетата Марс. Тој ровер откри органски материјали на сите десет локации што ги истражи на дното на тој кратер.

Научниците сугерираат дека овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини, но дури и ако тие не претставуваат доказ дека некогаш постоел живот на Марс, резултатите укажуваат на сложени органски услови за клучните градежни блокови кои овозможуваат развој на живите организми. Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат јаглеродни атоми, а често и водород. Ова се основните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата.

Тие се возбудлива трага за астробиолозите, иако можат да бидат создадени и од процеси кои не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе без дополнителни докази што не можат да се објаснат со небиолошки, односно биолошки процеси.

-Нашите резултати ги поддржуваат набљудувањата на претходните роботски мисии на Марс, кои укажуваат дека Црвената планета некогаш била богата со органски материјал, соединенија првенствено направени од јаглерод и водород и дека дел од тој органски материјал може да се открие милијарди години подоцна. Секое откритие и набљудување ни дава повеќе информации кои нè доближуваат до разбирање на историјата на Марс и дали таа планета имала услови за постоење на живот во минатото – рекол Расел Холис, од Природонаучниот музеј во Лондон, пренесува Gizmodo.

Инаку, кратерот Језеро го добил името по општина во Република Српска. Експертите веруваат дека на кратерот имало езеро пред околу 3,5 милијарди години, поради што го добил името по тоа место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП