27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Threads“ има 100 милиони корисници, но колку навистина ја користат апликацијата?

„Threads“ има 100 милиони корисници, но колку навистина ја користат апликацијата?

Веќе првиот ден, „Threads“ забележа рекордни 70 милиони регистрации од корисници, додека по пет дена имаше повеќе од 100 милиони. Седум дена по лансирањето, апликацијата има над 109 милиони регистрирани корисници, како што проценува „QuiverQuant“.

Доколку растот продолжи со ова темпо, бројот на регистрации на корисници би можел да надмине 200 милиони пред крајот на следната недела.

Сепак, во пресрет на овој голем успех, останува нејасно колку корисници на „Threads“ се постојано активни на платформата. „Meta“ не можеше да ја потврди оваа информација.

Ова го наметнува прашањето дали „Threads“ е навистина „убиецот“ на „Twitter“ како што многумина го опишуваат или овој успех е краткотраен.

Забележано е дека некои корисници ја напуштиле платформата и се вратиле на „Twitter“ набргу откако создале сметка на „Threads“. Ова им создаде проблем – тие не можеа да ги затворат своите нови сметки на „Threads“ освен ако не беа подготвени да ги жртвуваат своите профили на „Instagram“ во исто време.

Причината е што двете платформи се испреплетени – постоечкиот профил на „Instagram“ се користи за креирање на сметка на „Threads“, а „Meta“ сè уште нема развиено метод за нивно раздвојување.

„Threads“ е апликацијата што најбрзо стигна до првите 100 милиони корисници. Така, на „Twitter“ му требаа пет години за ова достигнување, на „Facebook“ му беа потребни четири и пол години, а на „WhatsApp“ три години.

„Instagram“ стигна до своите први 100 милиони корисници две и пол години по неговото лансирање, додека „ChatGPT“ го направи тоа по два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП