1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА: Космонаутски одела на новата генерација

НАСА: Космонаутски одела на новата генерација

Во 2019 година, агенцијата НАСА претстави нови одела за космонаути, а уште тогаш можевме да слушнеме дека опсегот на движење во нив ќе биде многу поголем. По четири години пристигна нова вест, меѓу другото, дека производителите ќе ги модифицираат оделата за да ги направат уште покорисни.

Во март 2023 година, НАСА и Аксиом Спејс ги открија оделата за членовите на мисијата Artemis III. Меѓу новитетите се оние кои прават оделото да одговара на различни типови на тело. Тоа е пофлексибилно од сите претходни и содржи повеќе алатки кои би можеле да бидат корисни при прошетка на површината на Месечината.

Мисијата Artemis III е планирана за декември 2025 година и се очекува да го повтори слетувањето на Месечината – прво по слетувањето на Аполо 17 во 1972 година. Оние кои ќе слетаат на површината на Месечината се очекува да останат таму помалку од една недела, со цел постојано да шетаат наоколу и да собираат примероци од мраз. Остатокот од екипажот ќе остане во капсулата Орион, а астронаутот ќе се врати со SpaceX Starship од Месечината.

На оделата на новата генерација затоа се работи со полна пареа, за да се заменат оние што се користат со децении. Axiom Space и Collins Aerospace добија дополнителни по пет милиони долари за дизајнирање костуми кои не беа вклучени во првиот договор. Така, Axiom Space работи на специјално одело што ќе се носи за време на операциите околу Меѓународната вселенска станица, додека Collins Aerospace работи на одело што ќе се користи кога мисијата ќе слета на Месечината.

Во првичниот договор сè беше обратно, па компаниите сега работат на нарачки кои претходно беа наменети за конкурентска фирма. Од агенцијата НАСА велат дека причината е едноставна – доколку пропадне едно одело, астронаутите ќе имаат производ од друга компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП