Во главната борба на настанот УФЦ 290 што се одржа ноќта меѓу саботата и неделата во Лас Вегас, Австралиецот со македонски корени, Александар Волкановски во третата рунда со технички нокаут го победи мексиканскиот борец Јаир Родригез.
Волкановски петти пат по ред успешно го одбрани појасот во перо категорија.
Волкановски и покрај тоа што во мечот влезе со повреда на раката, не дозволи изненадување. Се наметна како подобра борец од почетокот, а во третата рунда го нокаутираше противникот.
#ufc290 is fck amazing
— P.P (@djapesamodjape) July 9, 2023
One of the best cards in the last time.
And yeah #Volkanovski is from another planet.
Next level!! pic.twitter.com/apo025THSG
По мечот Волкановски најави нова борба до крајот на годината, а противник според негова желба би бил досега непоразениот Грузиец Илија Топурија.
Враќањето на Волкановски во октагонот дефинитивно ќе се случи дури по операција на раката.