2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака би можел да изгледа „Windows 12“ (ВИДЕО)

Вака би можел да изгледа „Windows 12“ (ВИДЕО)

Поминаа две години откако „Windows 11“ беше првпат откриен, а во исто време следната година, „Microsoft“ би можел да почне да зборува за „Next Valley“, која би требало да биде попозната како „Windows 12“.

Полека почнува да се формира возбуда и повеќе разговори за следната генерација на оперативниот систем, а се појавија неколку концепти кои покажуваат како би можел да изгледа следниот „Windows OS“.

Така, „YouTuber“-от „AR 4789“ објави концепт видео за „Windows 12“ на својот канал минатиот месец.

Видеото ги прикажува „Start“ менито и виџетите кои корисниците со задоволство би ги прифатиле. Главните карактеристики на „Windows 11“ се задржани, како што се заоблените рабови, а лебдечката лента со задачи речиси сигурно треба да биде дел од „Windows 12“ (освен ако „Microsoft“ во меѓувреме не се премисли).

Концептот нуди и речиси совршена рамнотежа помеѓу светлите и темните теми. Видеото исто така дава подетален поглед на другите функции, како што се „File Explorer“, „Tabbed Notepad“, „Microsoft Store“ и многу повеќе.

Облакот се очекува да биде суштинска карактеристика на „Windows 12“, заедно со способностите за вештачка интелигенција, бидејќи „Microsoft“ полека ја интегрира вештачката интелигенција во „Windows“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП