Граѓанската обврзница која ја издаде Министерството за финансии за граѓаните во земјава e достапна преку НЛБ Банка Скопје. Проспектот за првата аукција на граѓански обврзници е објавен на 30 јуни, а граѓаните можат да аплицираат за овој нов финансиски инструмент во сите експозитури на НЛБ Банка до 12 јули, 2023г, до крајот на работниот ден.
Како што информираше Министерството за финасии, станува збор за безризичен финансиски инструмент со рочност на две години, кој е гарантиран од државата, и кој им дава можност на граѓаните своите слободни средства да ги инвестираат во развојни државни проекти, со загарантирана каматна стапка од 5%. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата од 5%, додека на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплатат граѓаните.

