1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИскусен ракометен тренер од Германија ќе одржи еднодневен семинар за ракометните тренери...

Искусен ракометен тренер од Германија ќе одржи еднодневен семинар за ракометните тренери од Македонија

Во насока на подигнување на квалитетот, проширување и надградба на знаењето на учесниците но и на тренерскиот кадар кој работи со младите ракометари во Република Македонија, организаторот на ракометниот камп „40х20“, агенцијата КМГ Груп Спорт,  го најавува гостувањето на германскиот ракометен стручњак Фалк Фрустенберг на второто издание на кампот во Охрид, во улога на предавач на еднодневниот бесплатен семинар наменет за македонските тренери, кои работат со млади категории.

Имено, организаторот на кампот, во соработка Здружението на ракометни тренери на Македонија (ЗРТМ), ќе организира бесплатен еднодневен семинар, заеднички ручек и дружење на сите тренери на семинарот. Истиот е предвидено да се одржи на ден 06.07.2023 година (четврток) и е предвиден да биде реализиран во два дела:

  • Првиот дел од семинарот е теоретски и ќе се реализира во конгресната сала на Хотел „Аквалина“ од 12 часот.

Тема на предавањето:  Рамковен тренинг концепт (РТК) на Германскиот ракометен сојуз. Рамковниот концепт за тренинзи (РТК) на Германската ракометна федерација покажува идеално типичен пат од тренинзи за деца кои се ентузијасти за ракометот,  до тренинзи насочени кон подобрување перформансите на ракометарите од повозрасните младински категории.

РТК претставува збир на долгорочни и развојно ориентирани обуки за млади луѓе преку пет нивоа на обука – од основна обука преку основна, напредна обука 1 и 2 до последователна обука. Обуката претставува основа за ориентација за училиштата, ракометните клубови и сите институции кои бараат таленти и го промовираат ракометот .

  • Вториот дел е практичен и ќе се реализира на терените, во попладневните часови во комплексот на Хотел „Аквалина“.

Предавач на семинарот е Фалк Фрустенберг (Германија), тренер со исклучително богато искуство во сегментот на работа со млади категории, а во моментов со функција на главен инструктор и предавач за обука и лиценцирање на тренери во Бранденбург ракометниот сојуз (Германија).

Сите заинтересирани да го потврдат своето учество најдоцна до 03.07.2023 година (понеделник) на електронската пошта [email protected] или по порака на апликацијата Вибер на +389 70 355 141.

Се гледаме во Охрид!

КМГ Груп Спорт,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП