Астролозите откриваат дека несоницата највеќе ги погодува следните три знаци.
Близнаци
Мозокот на овој хороскопски знак е секогаш вклучен, неговиот ум е секогаш полн со информации, податоци, отворени прашања, разговори, планови. Таквите содржини се мотаат по главата на Близнаците доколку немаат никакви проблеми. Ако се загрижени за нешто, тогаш во нивната глава владее тотален хаос. Несоницата често ги мачи, а вежбите за релаксација можат да им помогнат.
Водолија
За да биде вклучен во акција и општествени активности, мора да биде буден што е можно подолго, ако пропушти нешто важно, се јаде себеси и води бурни разговори со себе, најмногу во мислите. А тоа повторно значи дека е буден. Како и да гледате, Водолијата не спие доволно, освен кога е скршена поради интензивна активност.
Девица
Со Девица владее планетата Меркур, што подразбира љубопитност и комуникација, стремеж кон ред, чистота и прецизност. Не само во станот и канцеларијата, туку и во бизнисот, потрошувачката, исхраната, врските. Како последица на тоа доаѓа и несоница. За да се доведете себе си и вашата околина во задоволителна состојба и да останете така, треба да вложите многу труд и работа. Бројните дневни обврски бараат креирање прецизен дневен распоред и проценка на трошоците. Девицата анализира и планира ноќе, па мистерија е како заспива.