9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕурофарм Пелистер во „група на смртта“ во ЛШ: Киелце, Кил, ПСЖ…

Еурофарм Пелистер во „група на смртта“ во ЛШ: Киелце, Кил, ПСЖ…

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги доби противниците за групната фаза од Лигата на шампионите. Во Битола ќе гостуваат звучни имиња на европскиот клупски ракомет, Киелце, Пари Сен Жермен, Кил, ПИК Сегед, Алборг, ППД Загреб и Колштад. Тоа се екипите сместени во групата А, која може да се нарече и „група на смртта“.

„Пелистерци“ ждребот во Виена го чекаа од третиот барабан.

Во групата Б се најдоа Барселона, Гог Гудме, Веспрем, Магдебург, Висла, Монпелје, Порто и Целје.

Екипите кои што ќе завршат на првите две позиции директно ќе се пласираат во четвртфиналето. Екипите кои ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место во групната фаза ќе играат во осминафиналето.

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 12 септември.

Одредени се групите и за Лигата на шампионите во женска конкуренција. Бранителките на титулата, ракометарките на Вајперс Кристијансанд се предводници на групата Б во која се и Мец, Есбјерг, Рапид, Ференцварош…

Почетокот на новата сезона ќе биде на 9/10 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП