Европската ракометна федерација по повод 30-годишниот јубилеј денеска во Виена ќе ја промовира „Куќата на славните“ во која ќе се најдат најголемите имиња од ракометот во изминатиот период. Меѓу нив се очекува да биде и Кире Лазаров, македонската ракометна икона, кој остави неизбришлив белег во европскиот ракомет во изминатите две децении.
Кирил Лазаров е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот, рекордер по бројот на постигнати голови, освојувач на Лигата на шампионите, еден од најдобрите десни бекови во ракометната игра.

