8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА објави слики од Марс какви што досега не сме виделе(ФОТО)

НАСА објави слики од Марс какви што досега не сме виделе(ФОТО)

Марс го носи прекарот „Црвената планета“ поради бојата на неговата површина, која е некаде помеѓу портокалова, кафеава и црвена. Но, НАСА објави серија фотографии на кои Марс е прикажан во сосема поинаква боја.

Како дел од мисијата MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN), беа направени фотографии од ултравиолетовиот поглед на Марс. Ваквите фотографии се исклучително важни за научниците, бидејќи им овозможуваат да добијат увид во атмосферата на Марс и да ја набљудуваат неговата површина на поинаков начин.

Инаку, MAVEN беше лансиран во ноември 2013 година и влезе во орбитата на Марс во септември 2014 година за да ја истражи горната атмосфера на планетата, јоносферата и интеракциите со Сонцето и сончевиот ветер, како и губењето на атмосферата на Марс во вселената.

Фотографиите објавени сега се направени со помош на ултравиолетовиот спектрограф за време на прелетувањето на Марс на MAVEN во 2022 и 2023 година.

Ултравиолетовиот спектрограф снима бранови должини помеѓу 110 и 340 нанометри, што е надвор од видливиот спектар. Како што истакнува НАСА, за да се направат овие должини видливи за човечкото око и полесно да се интерпретираат податоците, сликите се „лажно обоени“ со различни нијанси на црвена, зелена и сина боја. Така, атмосферата добива виолетова појава, облаците и маглата бела и сина, додека површината добива жолт, кафеав или дури зелен тон.

Така, „Црвената планета“ всушност станува шарена и дава сосема ново искуство на набљудување на Марс. За научниците, овие податоци ќе бидат од огромно значење за понатамошното проучување на Марс. И да ни даде идеја за скриените убавини на Марс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП