Како што предупредуваат педијатрите, бебињата и малите деца се почувствителни на изложување на силна сончева светлина, поради што е неопходно да се преземат одредени мерки за заштита од сонце и избегнување на сончаница.
Со оглед на тоа што детската кожа е многу почувствителна и понежна, таа е и поподложна на изгореници од сонце, состојба која се јавува како резултат на прекумерна изложеност на сонце и високи температури на воздухот.
Иако не е секогаш најлесно за препознавање, постојат некои симптоми кои може да укажуваат на сончаница кај децата.
Знаците кои можат да откријат дека детето има сончаница и дека му е потребна медицинска помош се следниве:
- замор
- слабост
- главоболка
- гадење
- покачена температура
- сува и црвена кожа
- вртоглавица
- чувство на немир.
Кај некои деца дури може да се забележат и ненадејна промена во расположението, кој само ретко кој родители го поврзуваат со сончаница.
Доколку детето е слабо или одбива да пие, потребно е да се консултирате со педијатар кој ќе им даде дополнителни упатства на родителите. Во повеќето случаи симптомите се поблаги, а во тој случај детето треба што побрзо да се тргне од сонце или во климатизирана просторија, пренесува Index.hr.
Педијатрите препорачуваат и туширање на детето со млака вода и давање течности, но постепено и во мали количини. Доколку е присутна и висока температура, на родителите им се препорачува да се консултираат со лекар.