2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНорвешка студија открива: Оваа храна може да го продолжи животниот век за...

Норвешка студија открива: Оваа храна може да го продолжи животниот век за десет години

Ова истражување се заснова на резултатите од глобалната студија за болести и причини за смрт во Кина, Европа и САД.

Здравјето, нивото на енергија, па дури и животниот век зависат од исхраната. Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, објавена во списанието Plos Medicine, покажа дека одредена храна може значително да го продолжи нашиот животен век.

Повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година се предизвикани од неухранетост. Потоа, споредувајќи ја таа бројка со други анализи, научниците ги разгледаа ефектите на различните намирници врз нашата долговечност. На тој начин истражувачите успеаја да одредат специфична исхрана која може да го продолжи нашиот животен век.

Каква храна е тоа?

Здравата храна се базира на консумирање овошје и зеленчук. Иако не е тајна, научниците направија листа на намирници кои поседуваат посебна моќ.

Грашокот, леќата и сојата го сочинуваат јадрото на оваа диета. Неопходни се и цели зрна, пченка, овес и пченица. Јаткастите плодови се клучни, како што се бадемите, ф’стаците и оревите. Од друга страна, црвеното месо и преработената храна треба да се јаде помалку.

Научниците заклучија дека консумирањето на околу 2.000 грама мешунки годишно и намалувањето на слатката и солената храна во секојдневната исхрана може да го продолжи животниот век за цели две години.

Се подразбира дека дури и оние кои се обидуваат да се хранат здраво понекогаш сепак јадат нешто што не е најдобро за телото. Сепак, најважно е да се биде упорен, бидејќи главната цел е да се усвојат подобри навики кои обезбедуваат подолг живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП