3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСега може да се преземаат „Reels“ од „Instagram“

Сега може да се преземаат „Reels“ од „Instagram“

„Instagram“ конечно им дозволува на корисниците да преземаат „Reels“ објавени од други за да објавуваат надвор од апликацијата.

Ривалската апликација „TikTok“ ја има оваа функција веќе неколку години, давајќи им на секој можност да гледа видеа со воден печат, пренесе „TechCrunch“.

Шефот на „Instagram“, Адам Мосери објави на јавниот канал на „Instagram“ во вторникот дека американските корисници на апликацијата ќе можат да почнат да преземаат видеа на нивните уреди со допирање на иконата за споделување и избирање на опцијата „Download“.

Мосери нагласува дека на овој начин може да се преземат само „Reels“ објавени на јавни сметки. Јавните сметки може да ја исклучат и можноста за преземање на „Reels“.

Она што Мосери не го спомна е дека секој преземен „Reel“ ќе има ознака на „Instagram“, слично на она што го прави „TikTok“.

Во 2021-ва година, „Instagram“ престана да промовира содржини што ја имаат ознаката „TikTok“ на неа. Минатиот септември, „YouTube“ почна да го вметнува своето лого во „Shorts“ за да го обесхрабри споделувањето меѓу платформите. Потегот на „Instagram“ за преземење „Reels“ е тактика да ги натера луѓето да гледаат повеќе видеа на „Instagram“.

Тие се фокусна точка на развојот на „Meta“ и растот на приходите веќе некое време. Марк Цукерберг рече за време на повик со инвеститори по првиот квартал дека заработката на „Instagram“ се зголемила за 24 отсто благодарение на „AI“ системот за препорака на „Reels“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП