Програмата „Self Repair“ на „Samsung“ конечно е достапна во неколку европски земји.
Споменатата програма им овозможува на корисниците на „Galaxy“ уредите да купат резервни делови и алатки за самите да направат поправки и сервисирање, со помош на официјални упатства.
Програмата ги опфаќа уредите од сериите „Galaxy S20“, „Galaxy S21“ и „Galaxy S22“, како и „Galaxy Book Pro“ и „Galaxy Book Pro 360“.
Засега „Samsung“ ја направи програмата „Self Repair“ достапна во Белгија, Франција, Италија, Холандија, Полска, Шведска и Велика Британија.
Програмата не го поддржува познатиот „iFixit“, како што е случајот во САД, каде што дебитираше минатата година.
За сериите „Galaxy S20“, „S21“ и „S22“, „Samsung“ нуди оригинални делови, како што се дисплеи, батерии, задни стаклени панели и USB-C порти.
Што се однесува до цените, батериите, задниот панел и USB-C портот за „Galaxy S22“ и „S22+“ чинат 145 евра, 42 евра и 40 евра, додека истите компоненти за „Galaxy S22 Ultra“ чинат 200, 56 и 37 евра. Цените варираат во зависност од регионот.