Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, по судски пат си ја добил премијата која му следувала според договорот за изборениот пласман на Европското првенство. Македонија историскиот пласман на едно големо натпреварување го избори преку Лигата на нации. Во баражот, во Тбилиси против Грузија, голот на Горан Пандев го реши победникот и патникот на континенталниот шампионат.
Синоќа по историскиот дебакл, поразот од 7:0 во дуелот со Англија, се огласи адвокатот Александар Тортевски, откри дека претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, не сакал да го испочитува договорот со селекторот Ангеловски, одбил да му ја исплати премијата за обезбедниот пласман на ЕП.

