Без разлика дали верувате во хороскопи или не, секогаш е забавно да прочитате какви карактеристики му доделиле „ѕвездите“ на вашиот знак.
Погледнете каков е вашиот знак кога се во прашање љубовта и сексот.
Овен
Овој огнен знак е познат по својата директност. Овните нема да се плашат да ви ги покажат своите „највалкани“ фантазии. Единствениот проблем со Овенот е што сакаат брзо да “преминат” на работа, па нема да бидете премногу среќни ако сакате да уживате во долгата предигра. Кога станува збор за преземање на водството, секогаш можете да сметате на Овенот. Сепак, најчесто сè се случува пребрзо.
Бик
За разлика од Овенот, Бикот сака да ужива во сексот. Романтичен вовед за време на вечера или вино со свеќи е совршен начин за загревање. Откако ќе се загреете, подгответе се за некоја долга предигра, бидејќи тој сака да задоволи. Ако сте романтичар, Бикот е создаден за вас.
Близнаци
Близнаците ќе ја искористат сета своја интелигенција и генијалност за да ве извлечат од облеката. Дури и кога ќе успеат, ќе продолжат да ви ласкаат. Со нив сексот преку телефон е совршен, бидејќи освен што уживаат во долгите разговори, имаат и жива фантазија.
Рак
Раковите се многу емотивни, па обично не се согласуваат на секс доколку немаат силни чувства кон другата личност. Сексот за нив мора да биде убав, поетски и топол. Ако нежноста е она што најмногу го цените во сексот, Ракот е најдобриот избор за вас.
Лав
Страсната и авантуристичка природа на Лав не може да се задржи. Секогаш ќе наоѓа нови начини да ве задоволи вас и вие да му угодите, но постојано ќе се труди да остане доминантен. Нема да можете да го заборавите сексот со Лав, но не се разочарувајте кога ќе сфатите дека вашето задоволство секогаш е на второ место по неговото.
Девица
Срамежливата и претпазлива Девица е изненадувачки слободна и лабава во кревет. Резервноста и приземноста не се однесуваат на нивната страст. Штом една Девица ќе ви верува, нема да имате момент на мир (барем кога станува збор за сексот).
Вага
Вагата е уметник кога е сексот во прашање. Сака да биде во совршена хармонија со партнерот, секој детал во околината да биде на свое место и атмосферата да биде совршена. Вагите сакаат убава долна облека, масажи со етерични масла и тивка музика, а тие имаат целосно опојно дејство врз оние кои се наоѓаат во кревет со нив.
Шкорпија
Огнената и развратна Шкорпија го има најсилното либидо во целиот хороскоп. Нивниот сексуален магнетизам е тешко да се игнорира. Во кревет тие се совршени љубовници кои сакаат да се задоволуваат и себе и својот партнер. Сепак, сексот често е единственото нешто што им треба од вас, па после сексот, кога Шкорпијата ќе се олади, можете да се чувствувате искористени.
Стрелец
Стрелецот е мајстор за заведување и ужива во ловот на нови „жртви“. Тој постојано ја усовршува својата уметност на заведување и се фокусира на предметот на своите желби само кога целосно ќе го разоружа. Тогаш доаѓа во игра неговата умешност во сексот. Доколку сакате интензивна предигра, Стрелецот е идеалниот избор за вас.
Јарец
Јарецот можеби делува резервирано, но во кревет, кога е во прашање, тој е неочекувано страстен љубовник. Потребно е многу за да го направи првиот чекор, трпелив е до степен на дрскост, но штом ќе стигнете во кревет, Јарецот ќе ја ослободи сета своја енергија и ќе даде се од себе за да ве задоволи.
Водолија
Ако сакате да експериментирате во сексот, одлично ќе се вклопите во Водолијата. Водолиите обожаваат да смислуваат нови начини за да се задоволат и себеси и партнерот и во тоа непогрешливо успеваат. Со Водолија никогаш нема да ви биде досадно во кревет.
Риби
Слично како Ракот, Рибите повеќе ќе ја ценат емотивната страна на сексот. Страст, љубов, внимание, трпение – сето тоа е важно за Рибите. Сепак, поголемиот дел од работата ќе мора да ја завршите во кревет. Рибите сакаат да бидат пасивни за време на сексот, како и да уживаат во вниманието што ќе им го даде партнерот.