2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВештачката интелигенција доаѓа во „Messenger“

Вештачката интелигенција доаѓа во „Messenger“

„Meta“ ја вклучува вештачката интелигенција во „Messenger“, пишува „Verge“.

Претседателот на компанијата за вештачка интелигенција, Ахмад Ал Дале, им кажа на вработените дека генеративниот модел првично ќе се користи за создавање налепници врз основа на текстуални инструкции. Ова прво ќе го тестираат вработените, по што ќе биде достапно за јавноста.

„Со налепниците генерирани од вештачката интелигенција, нашите корисници можат да имаат бескрајни опции за креативно изразување, културна презентација, па дури и нови трендови“, рече Ал Дале.

„Се разбира, налепниците се само врвот на ледениот брег. Моделите на вештачка интелигенција ја менуваат секоја слика што ја сакате на кој било начин што ќе го одберете“, вели тој.

Ал Дале додава дека компанијата исто така работи на развој на модел со вештачка интелигенција што ќе ја трансформира големината на сликите.

„Meta“ го најави воведувањето на генеративната вештачка интелигенција уште кога Марк Цукерберг лично зборуваше за создавање алатки напојувани со вештачка интелигенција, вклучувајќи различни текстуални „искуства“ во „Messenger“ и „WhatsApp“. Шефот на „Meta“ им кажа на инвеститорите дека компанијата сака да ги направи агентите со вештачка интелигенција достапни за милијарди луѓе, нагласувајќи дека ќе ја вгради технологијата во „WhatsApp“, „Messenger“, „Facebook“ и „Instagram“.

Компанијата сака да нурне уште подлабоко во вештачката интелигенција со јазичниот модел „LLaMA“ и неодамна објавениот модел со вештачка интелигенција со отворен код кој комбинира текстуални, визуелни и податоци за движење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП