Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во НБА лигата и успеа на Денвер Нагетс да им ја донесе шампионската титула. Од оваа гледна точка, интересна е изјавата на таткото Бранислав Јокиќ, кој воопшто не верувал дека неговиот син ќе игра во најсилната кошаркарска лига во светот.
„Се сеќавам кога неговиот агент и мојот највозрасен син, Страхиња, дојдоа и ми кажаа дека Никола ќе оди во НБА. Ги прашав само дали се дрогираат, па за каква НБА зборуваат?“, раскажа Бранислав Јокиќ.

