27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗголемен фондот на Australian Open

Зголемен фондот на Australian Open

open australian

Наградниот фонд на отвореното првенство во тенис на Австралија ќе порасне за три милиони долари до вкупен износ од 31 милиони долари. Ова го соопштија организаторите само три месеци пред почетокот на турнирот.

Турнирот во Мелбурн го зголеми наградниот фонд заедно со останатите три натпреварувања од Гренд Слем, откако играчите лично инсистираа за оваа промена.

Вимблдон веќе е со награден фонд од 36.5 милиони долари, додека организаторите на „US Open“ нудат 34.3 милиони долари. Најнизок е износот во Франција за Ролан Гарос, 29.7 милиони долари.

Се уште не е најавена распределбата на парите за одделни кругови на турнирот во Мелбурн, кој почнува на 13 јануари. Во него своите титули ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП