5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете што има ново во корисничкиот интерфејс на „YouTube“

Погледнете што има ново во корисничкиот интерфејс на „YouTube“

„Google“ неодамна изјави дека „YouTube Shorts“ во иднина ќе добие поголем простор на платформата и се чини дека веќе се преземени чекори на тоа поле.

Имено, „Google“ го промени корисничкиот интерфејс на „YouTube“ без никакво претходно известување.

Најновата промена на корисничкиот интерфејс вклучува ставање на „YouTube Shorts“ во фокусот на платформата. Така, сега „Shorts“ се појавуваат на врвот, поточно втори по приоритет, веднаш по најновите видеа од каналите на кои сте се претплатиле.

Овој интерфејс е имплементиран од „Google“ на сите верзии – десктоп, „Android“ и „iOS“.

„YouTube Shorts“ претходно се појавуваше само во картичката за препораки и во посебна картичка Shorts, но новата промена значи дека „Shorts“ сега ќе се појавуваат и во вашите препораки, веднаш по „класичните“ видеа.

„YouTube Shorts“ е всушност концепт што „YouTube“ го копира од „TikTok“ и спаѓа во категоријата кратки вертикални видеа.

Додека од една страна популарноста на „Shorts“ растеше со текот на времето, истото не може да се каже за „YouTube Stories“, функција што „YouTube“ ја копира од „Instagram“ и „Snapchat“. Таквата непопуларност на „YouTube Stories“ доведе до тоа „YouTube“ да одлучи да ги прекине. Неодамна беше објавено дека „YouTube Stories“ ќе престанат да постојат на 26-ти јуни 2023-та година. Оваа функција постепено се укинува на платформата и сите стории што ќе бидат објавени до 26-ти јуни 2023-та година ќе истечат за седум дена.

Токму тогаш, „YouTube“ објави дека ги отстранува приказните во корист на „YouTube Shorts“ и објавите на заедницата. Приказните на „YouTube“ беа претставени во 2017-та година како „Reels“, за да бидат ребрендирани во „Stories“ една година подоцна. По 6 години, оваа функција престанува да постои на „YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП