28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.06.2023

Дневен хороскоп 12.06.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Ако во подзнак сте некој воден знак, бидете многу внимателни, многумина едвај чекаат да ве вклучат во некој конфликт. Марс во вашиот знак но и Месечината во Рак можат да значат премногу напнатост во разговорите кои се однесуваат на недвижнини, пари или вашето работно место, особено ако сакате да го промените.

Бик (21.04 – 21.05)

Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работите се натрупуваат, тие не се завршени, а нови веќе доаѓаат. Се што има врска со конкуренција, бара претпазливост. Некој би можел да ве провоцира на тема која за вас повеќе или помалку е табу. Бидете подготвени нешто да премолчите, ќе оставите подобар впечаток. Можна е главоболка и несоница.

Рак (22.06 – 22.07)

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас. Без грижи, како и секогаш ќе најдете решение.

Лав (23.07 – 22.08)

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес колегите ќе бидат изненадени од сериозноста на новата работа која ќе им ја предложите. Вие ги имате разгледано сите аспекти на планот и немате најдено ниеден недостаток. Со овој план ќе му докажете на вашето опкружување дека сте подготвени за нови почетоци и дека сте некој на кого ќе можат да се потпрат.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите способности многу повеќе доаѓаат до израз кога знаете дека некој е еден чекор зад вас. Денес ќе ве обземе некое песимистичко чувство во врска со вашата кариера и придобивањето на финансиски средства. Работата нема сама да се заврши, а и вие не можете да бидете на две места истовремено.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Раководени од интуицијата ќе сфатите дека некаде сте погрешиле. Вашето семејство и најблиските ве разбираат но не можат да ви помогнат бидејќи и тие се во тешка ситуација. Вашите барања се преголеми, па затоа ќе владее нервоза и несогласување. Преиспитајте ги одлуките.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска очекувајте стрeсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.

Риби (20.02 – 20.03)

Ова е еден од оние денови во кој не знаете што да правите со себе си и најверојатно ќе сфатите дека многу сте погрешиле во одлуките и мислењето за другите лица. Нема да бидете задоволни со тоа што ќе бидете игнорирани од еден Јарец за кој мислевте дека ќе ви помогне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП