3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНема да верувате колку чини „iPhone“ во Турција!

Нема да верувате колку чини „iPhone“ во Турција!

„iPhone“ е најпопуларниот електронски уред во светот, па можете да го купите во речиси сите земји во светот. Сепак, цената на „iPhone“ не е насекаде иста, а Турција сега стана земјата во која не се исплати да се купи паметен телефон на „Apple“.

Турција е во економска криза која предизвика ненадеен пад на вредноста на домашната валута – турската лира. Ова, заедно со повисоките даночни стапки и курсот на доларот, доведе до зголемување на цените на увозните производи.

Така за еден месец „Apple“ мораше дури три пати да ги прилагоди цените на своите производи за турскиот пазар. Како резултат на тоа, „iPhone 14 Pro Max“ со 1 TB простор продаден во Турција е всушност најскапиот таков „iPhone“ во светот.

„iPhone 14 Pro Max“ со 1 TB простор чини 1.599 долари во САД. Во Турција цената е повеќе од двојно повисока и изнесува 3.273 долари. Од оваа бројка, само 1.636 долари одат за „Apple“, додека остатокот од парите одат за турската влада како даноци.

Кога станува збор за обичниот „iPhone 14“, тој чини 1.818 долари во Турција, што е многу поскапо од „iPhone 14 Pro Max 1 TB“ што се продава во САД, а значителните разлики помеѓу овие телефони се јасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП