3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекам ќе заснова клуб во САД

Бекам ќе заснова клуб во САД

David Beckham LA Galaxy-1469226

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Лос Анџелес Галакси, Дејвид Бекам можеби наскоро ќе има свој клуб во САД. Според печатот во Англија, Бекс ќе инвестира во нов клуб од Флорида.

Во договорот на Бекам со Лос Анџелес Галакси имаше точка, според која Англичанецот можел да купи акции од клуб од МЛС со попуст од 25 проценти. Како што е познато, структурата на фудбалот во САД е малку поинаква и всушност ѕвездите кои доаѓаат од другата страна Океанот потпишуваат договори и со локалната Лига.

Според прелиминарната замисла, партнери на Бекам во овој бизнис ќе бидат боливискиот милијардер Марсело Клауре и сопственикот на клубот од НФЛ Мајами Долфинс, Стив Рос.

Трансакцијата ќе биде прогласена за официјална до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП